Кумановци помалку во библиотека, повеќе на интернет

29.04.2010 08:37 | KumanovoNews

 Мал  број кумановци  редовно читаат книги. Статистиката во библиотеката „Тане Георгиевски„ покажува дека во Куманово слабо се чита и читателите се во недоволен број.

Кумановци помалку во библиотека, повеќе на интернет

 Во однос на претходната година љубителите на пишаниот збор се намалиле за околу 200, а во библиотеката членуваат само 3100 читатели во Оделите за возрасни и деца. Повеќето од нив се ученици од основните и средни училишта кои имаат задолжителни лектири по наставните програми.

Сметам дека големиот развојот на технологијата и се почестото користење на интернетот како полесен начин за наоѓање на информации и исполнување на слободното време ја истиснува книгата, а и другата конкуренции влијае за намалување на бројот на читателите. Апелираме во оваа прилика граѓаните да се вратат на книгата и да ја посетат библиотеката, бидејќи имаме голем избор на книги - вели директорката Нада Ивановска.

Библиотеката „Тане Георгиевски„,Светскиот ден на книгата го одбележа со зголем книжен фонд и во осовремен и пофункционален простор. Само мината година во библиотеката се набаваени околу 6.000 нови книги.

 Бројот на книгите се зголеми по разни основи. Над 4.000 купивме, околу 1200 добивме од Владата, а останатите се донирани по друга основа. Библиотеката постојано ја надополнуваме со познати наслови, старите книги ги заменуваме со нови и друг вид на материјали. Имаме и убави читални и одлични услови да се исполни слободното време и да се најдат секакви информации - посочува Ивановска.

 Претседателот на друштвото на писателите на Македонија, Раде Силјан порача дека Светскиот ден на книгата  е еден од најубавите празници на човештвото, бидејќи книгата иако неможе да го измени светот таа со својата внатрешна светлина, убавите пораки што ги содржи и ги шири го збогатува и го разубавува секојдневното живеење, давајќи му нова смисла и нов дух. Без книгата светот ќе беше посиромашен.

  Петнаесетото одбележување на Светскоит ден на книгата и авторското право во рамките на меѓународната година на зближување на културите на народите, на секој читател кој ја посети Библиотеката „Тане Георгиевски„  му  подари цвет и  книга.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk