Кумановци пред казино истепале сограѓанин

28.05.2015 12:50 | KumanovoNews

Кумановец заедно со уште две непознати лица, пред казино истепал сограѓанин.

Кумановци пред казино истепале сограѓанин

С.Г.(25) од Куманово заедно со уште две непознати лица во април годинава околу 2.10 часот, пред казиното “Апекс“ го затекнале О.Х.(25) од Куманово. Прво почнале да се караат, по што тројцата со клоци и тупаници го удирале во пределот на главата и телото, по што  О.Х. со повреди бил пренесен во Општа болница Куманово.

Против С.Г. и двете непознати лица се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело насилство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk