Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Откако бактеријата листерија беше причина за неколку смртни случаи, граѓаните велат дека внимаваат на исхраната.
Иако не е потврдено официјално кој продукт е изворот на заразата, претпазливоста се однесува на млечните и сувомесните производи.
- Внимавам што купувам бидејќи јас имам 68 години и сум во ризичната група. Откако слушнав на вести за бактеријата избегнувам месни и млечни производи и повеќе јадам овошје, зеленчук, салати и супи. Подобро да внимаваме отколку да бидеме болни - вели Даниела Крстиќ, граѓанка.
И останатите граѓани велат дека се загрижени поради опасната бактерија од која починаа четворица луѓе.
- Кога купувам го гледам датумот на производот и производителот. Овошјето добро го миеме пред јадење. Мораме да водиме сметка за здравјето и на децата им кажувам кога излегуваат навечер да не јадат се и сешто - рече Салие Лимани, граѓанка.
Од продавниците и месарниците објаснуваат дека прометот не е намален и дека купувачите не се во паника.
- Продажбата е иста, но секој си купува според својот џеб. Нашите граѓани купуваат она што е поефтино, колбаси, суџук, салами, шунка, а соседите од Србија кои пазарат кај нас најмногу купуваат печеница - потврдуваат од продавница за сувомеснати производи.
Во маркетите велат дека и онака граѓаните во овој период повеќе купуваат пиперки и домати и не забележале некој драстичен пад на продажбата на месни производи.
Храната за која постојат сомнежи дека има листерија ќе биде тестирана.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk