Кумановци превезувале Либијци во Лојане

02.03.2018 15:40 | KumanovoNews

На патот Куманово село Костурник, завчера околу 22 часот, полициски службеник забележал патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.И.(38) а како сопатник бил К.И.(21) двајцата од Куманово, од кое што излегле две непознати лица.

Кумановци превезувале Либијци во Лојане

Од страна на полициските службеници извршено е легитимирање и обавен е разговор при што двете лица на возраст од 30 и 48 години од Либија, изјавиле дека сакале да се превезат до село Лојане.

Лицата се лишени од слобода, а од страна на РЦ Север до надлежното ОЈО против Б.И. и К.И се поднесени кривични пријави по лчен 418 б (криумчарење мигранти) од КЗ на РМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk