Кумановци протестираа „За заедничка Македонија“

07.03.2017 10:02 | KumanovoNews

 По петти пат, синоќа во Куманово се одржа граѓански марш во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Кумановци протестираа „За заедничка Македонија“

Граѓаните на Куманово се собраа кај пазарчето на булеварот „Октомвриска револуција“ и прошетаа по  улиците низ централното градско подрачје. Пеејќи патриотски песни, граѓаните порачаа дека нема да дозволат двојазичност на целата територија на државата и ги повикаа и останатите кумановци да им се придружат.

Маршот, како и претходните денови, заврши пред плоштадот кај Центарот за култура без инциденти.

Според најавата на организаторите маршот попладне ќе започне од Автобуската станица во 18 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk