Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Политички партии, невладини организации и граѓаните од вчера започнаа со собирање помош за семејствата во поплавените подрачја.
Група граѓани кои и порано собирала помош за поплавените подрачја надвор од државата синоќа одржа состанок и ги повика кумановци помошта да ја донесат на два пунката во градот, во Центрот за култура и на Градскиот плоштад пред споменикот Батко Ѓорѓија.
Волонтери на Црвен крст ќе дежураат на пунктовите од 8 до 20 часот.
Истовремено и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку своите челнови и симпатизери организираа хуманитарни акции за собирање помош за поплавените.
Во прв момент најнеопходна е вода, храна и хигиенски сретства.
Куманови како и многу пати досега ја покажуваат својата хуманост во дело.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk