Кумановци се степале во Кисела Вода

19.05.2015 13:01 | KumanovoNews

Кумановци по полноќ учествувале во масовна тепачка, која се случила во скопската населба Кисела Вода.

Кумановци се степале во Кисела Вода

Од полицијата информираат дека инцидентот се случил на паркингот зад кулите Расадник, кога четворица кумановци биле нападнати од непозната група. Тројца успеале да побегнат, а четвртиот, кој бил на возраст од 23 години, добил неколку удари со клоци и тупаници, пишува “Утрински весник“. Подоцна, еден од неговите другари повикал полиција.

"Како што разбравме, кумановците дошле да се пресметаат со некои деца од Припор, со кои биле во кавга. Но, припорчаните бргу се организирале, па на помош им дошле дваесетина другари. Кумановците се сокрија во еден локал, по што беше повикана полиција", раскажуваат жители на Кисела Вода.

Според кажувањата на очевидци, во тепачката учествувале дваесетина момчиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk