Кумановци се степале за пат во Шупли Камен

27.05.2014 11:13 | KumanovoNews

Двајца кумановци крвнички се испотепале во селото Шупли Камен, по банална расправија за користење на селскиот пат.

Кумановци се степале за пат во Шупли Камен

 Тепачката се случила вчера околу 15.50 часот во местото викано Озиром во атарот на Шупли камен. М.Ј. и И.П., двајцата од Куманово прво се скарале за патот што ги поврзувал нивните викендички, а потоа почнале и физички да се пресметуваат.

Во крвавата тепачка се здобиле со сериозни повреди, поради што се пренесени со Брза помош во Општа болница Куманово.

Од хируршкото одделение на кумановската болница велат дека по укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите М.Ј. е пренесен на одделението Карил во Скопје, а И.П. е задржан на лекување во кумановската болница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk