Кумановци се затруле од боза

11.08.2011 15:12 | KumanovoNews

 Околу 40 лица од Куманово се затруле, откако пиеле боза од слаткарницата „Љубичица„.Првите 20 заболени се јавиле синоќа и вчера во раните утрински часови.

Кумановци се затруле од боза

 Заболените биле со потешка клиничка слика, зголемена температура, повраќање,  течни столици, изнемоштеност и болки во стомак. Сите се хоспитализирани на инфективното одделение во кумановската Општа болница.

Уште 18 лица денеска побарале лекарска помош.

Од Државниот и санитарен инспекторат извршен е инспекциски надзор, во соработка со епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово и со претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство при што се констатира дека станува збор за угостителски објект во кој се врши послужување слатки и безалкохолни пијалоци, а слатките и бозата се транспортирале со возило кое не е климатизирано.

Забраната за работа на слаткарницата ќе трае до исполнување на наложените против-епидемиски мерки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk