Кумановци со автомобил излетале кај клучката Стенковец

02.01.2016 13:14 | KumanovoNews

Автомобил Ауди А3 со кумановски таблички вчера излетал од патот на обиколницата Скопје кај клучката Стенковец во правец кон Велес.

Кумановци со автомобил излетале кај клучката Стенковец

Автомобилот управуван од С.С.(34) од Куманово излетал од патот околу 8 часот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(25) од Куманово, која е пренесена и задржана во Ургентниот центар во Скопје, а возачот се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот изврши полицијата и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk