Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца членови на Регионалниот просветен синдикат од вчера штрајкуваат со глад, солидаризирајќи се со штипските професори кои не беа унапредени во звањата.
Селајдин Дестани, претседател на регионален одбор на СОНК и секретарот Никола Стојмановски во синдикалните простории се 24 часа и очекуват од утре да им се приклучат и други колеги.
- Од вчера стапивме во штрајк и тоа всушност беше одлука на СОНК донесена на 19 јули. Ние тоа моравме да го направиме за да им дадеме поддршка на професорите од Штипскиот универзитет. Ги известивме и нашите претседатели на синдикални организации доколку се во можност да дадат поддршка на овој штрајк. Веруваме дека штипските професори се обесправени, законот е прекршен и затоа стоиме зад нив. Би сакале да се реши ова што побрзо во интерес на здравјето на луѓето - кажа Дестани.
Членовите на СОНК од повеќе градови се приклучија на штрајкот со глад кој го почнаа тројцата штипски професори незадоволни бидејќи ги исполнуваат условите, а не се унапредени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk