Кумановци се степале откако направиле сообраќајка

27.03.2023 09:43 | Сузана Николиќ

Тројца кумановци се приведени во Полициската станица Куманово откако биле пријавени дека нападнале сограѓанин, по предизвикана сообраќајна незгода.

Кумановци се степале откако направиле сообраќајка

Инцидентот бил пријавен во саботата околу 15 часот, по што полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода  тројцата кумановци на возраст од 22, 18 и 49 години. Откако се случила сообраќајната незгода тие физички нападнале 21-годишен жител на кумановско село.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk