Кумановци учествувале во тепачка во дискотека во Скопје

09.08.2018 11:06 | KumanovoNews

Три момчиња од Куманово и едно од Скопје, физички се пресметале во дискотека во Скопје, при што се здобиле со повреди по лицето.

Кумановци учествувале во тепачка во дискотека во Скопје

Според МВР, инцидентот се случил ноќеска во 3.40 часот во дискотека во Градски парк, кога бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Д.П.(22) од Скопје од една страна и  Т.Д. (21), Р.А. (26) и С.Т. (26), сите од Куманово, од друга страна.

Сите учесници во тепачката се здобиле со повреди по лицето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk