Кумановци вечерва репризно ќе ја погледнат „Идиоти“

20.10.2015 12:56 | KumanovoNews

Кумановци вечерва во 20 часот ќе имаат можност репризно да ја погледнат комедијата „Идиоти“ во театар Куманово.

Кумановци вечерва репризно ќе ја погледнат „Идиоти“

Оваа комедија премиерно беше прикажана на фестивалот “Денови на комедија Куманово 2015“. “Идиоти“ е работена според едночинките на Муза Павлова, а во режија на Мирослав  Петковиќ. Актерската екипа ја сочинуваат : Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Владо Дојчиноски и Марко Трајковиќ. Режисерот Петковиќ рече дека претставата ја подготвиле за дваесетина дена.

Со напорна работа и дупли проби успеавме да извадиме некаков резултат. Мислиме дека публиката е задоволна, имавме вчера прва реприза, вечерва е втората реприза. Ги покануваме сите кои не ја погледнале да дојдат и да ја погледнат. За вечерва претставата е распродадена. Следните репризи се на 2 и 3 ноември - изјави Петковиќ.

Тој вели дека комедијата зборува за бирократијата и лошите човекови навики.

Уживавме додека работевме, имаше многу убава атмосфера. Мислам дека тоа е многу важно за да имаш добар процес на крај - вели актерката Александра Михајловска.

Актерот Марко Трајковиќ рече дека посветено работеле на подготовка на “Идиоти“, а од театарот ги упатија граѓаните на нивниот фејсбук профил да се информираат за претставите кои се на репертоарот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk