Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Милош Ристовски, генерален секретар на ЦИД е избран во извршниот одбор на советодавно тело за млади при Советот на Европа.
Мандатот на Ристовски е 2 години, од јануари 2018.
"Ова е голем предизвик за мене.Овој процес ќе ми отвори можност да ги надоградам моите вештини за претставување на младите пред различни чинители во Советот на Европа. Сакам да напоменам дека ова не е само мој личен успех, туку и на организацијата од каде доаѓам, па ако сакате и на Македонија. Имено, јас сум единствениот од Македонија во извршниот одбор на ова тело. Исто така овој успех е резултат на континуитетот на ЦИД како организација во чиј фокус се младите. ЦИД оваа година прославува 10 години постоење, и токму во ЦИД јас се здобив со квалификации, искуство и знаење кои се потребни за денеска да бидам во Советодавно тело за млади при Советот на Европа,"- вели Ристовски.
Дека ЦИД е силно препознатлива организација на европско ниво говори и фактот што Матеј Маневски од јануари е избран во програмскиот комитет при Советот на Европа. Програмскиот комитет ги утврдува, следи и оценува програмите на Европските младински центри и на Европската младинска фондација. Значи имаме двајца претставници од Куманово во Советот на Европа со седиште во Стразбур. Ова е прв пат Македонија да има двајца свои претставници во ова тело.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk