Kумановци за Нова година во европските метрополи

01.12.2012 10:16 | KumanovoNews

 Месец дена пред истекот на оваа година, граѓаните размислуваат како да ја пречекаат новата година. Повеќето од нив сакаат најлудата ноќ да ја поминат во странство, а многу малку се заинтересирани за домашните туристички места.

Kумановци за Нова година во европските метрополи

- Сега ги разгледуваат аранжманите, а по 15 декември граѓаните ќе се одлучат каде ќе патуваат за Нова година. Најголем интерес има за Париз, Рим , Солун, Венеција, Фиренца, Истанбул. Нашите сограѓани кои работата во Авганистан, имаат желба Новата година да ја поминат во Дубаи. И за одмор оваа дестинација последниве години е многу популарна. Имаме и аранжмани за во Македонија, и тоа за Охрид, Струмица, онаму каде ќе има организиран дочек на градските плоштади, но интересот е слаб. Лани два автобуси организирано заминаа за Париз - велат од туристичка агенција “Јоцо турс“.

Тие објаснуваат дека кумановци за зимување ги бираат Банско, Златибор и Копаоник.

Од туристичката агенција “Мартео“ велат дека кај нив постои интересес за Прага, Дрезден, Париз, Рим, Истанбул.

- Не може една дестинација да се одвои, туку за сите подеднакво има интерес. Граѓаните ќе заминат на 29 декември и се враќаат на 2 јануари назад. Во земјава се нудат аранжмани за Берово, Крушево,Маврово и Охрид, но на овие места кумановци преферираат да зимуваат, а поретко ги посетуваат за Нова година. Исто така се распрашуваат за Златибор и Копаоник за дочек на 2013 година - додаваат од “Мартео“.

И од оваа агенција потврдуваат дека за кумановци Дубаи е место каде сакаат да отпатуваат за празник, одмор, дочек на Нова година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk