Кумановци задоволни од Мој термин

29.05.2015 09:20 | KumanovoNews

 Пациентите од Куманово се во групата на граѓани кои се задоволни од функционирањето на системот Мој термин.

Кумановци задоволни од Мој термин

Ова го покажа истражување направено од Министерството за здравство со 6300 испитаници, во 68 здравствени установи во земјава.

“Високо ниво на задоволство кај пациентите од функционирањето на Мој термин има во здравствените домови во Кратово, Гевгелија, Куманово, Македонски Брод, Крива Паланка, Валандово и Крушево“ - изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Најмалку задоволни од функционирањето на Мој термин се пациентите на клиниките за урологија, за пулмологија, за психијатрија, клиничките болници во Штип и Битола, Општата болница во Охрид, како и во здравствените домови во Штип, Охрид, Струга, Битола, Вевчани, Демир Хисар, Пробиштип и Кавадарци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk