Кумановци жалат за Глигоров

03.01.2012 15:41 | KumanovoNews

 Граѓаните на  Куманово денеска се запишуваа во книгата на жалост отворена во СДСМ, по повод смртта на првиот претседател Киро Глигоров.

Кумановци жалат за Глигоров

Од партијата велат дека интерсот е голем, и дека до пладне имало над 50 граѓаните кои му оддале почит на Глигоров.

 Почивај во мир драг Претседателе. Куманово жали за големиот човек, политичар и државник! Големите луѓе никогаш не умираат!- се само дел од испишаните пораки.

Ќе го паметам по тоа што беше вистински борец за националниот идентитет, немаше лажен патриотизам. Ја водеше државата во вистинскатта насока, во негово време имаше сплотеност кај народот. Беше сакан и почитуван и како човек и како политичар- вели една кумановка.

Книгата на жалост ќе биде отворена и наредните два дена во истиот термин од 10 до 18 часот во седиштето на СДСМ.

Денеска во градот знамињате се на половина копје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk