Кумановец баран по потерница приведен на Табановце

30.11.2016 12:22 | KumanovoNews

На граничниот премин „Табановце“ на влез во државата, вчера е приведен кумановец баран по потерница за издржување на затворска казна.

Кумановец баран по потерница приведен на Табановце

Во 8.40 часот уапсен е А.Б.(25) од Куманово затоа што при проверка на личните документи констатирано е дека се барал за издржување казна затвор во траење од четири месеци за сторено кривично дело „кражба“.

Приведениот е предаден на СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk