Кумановец ќе одговара за компјутерска измама

19.09.2018 14:47 | KumanovoNews

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.М.(21) од Куманово за сторено кривично дело компјутерска измама.

Кумановец ќе одговара за компјутерска измама

На две интернет страни за продажба, пријавениот објавил оглас за продажба на патничко моторно возило „Опел корса“, при што навел лажни податоци дека наведеното возило било купено во 2011 година од овластен дистрибутер во Бугарија. По ова, во периодот од 21.05.2018 година до 24.08.2018 година, по претходен усмен договор со пријавениот, Д.Ј.(37) на сметка на истиот, уплатила 21.473 денари, како гаранција за купопродажба на наведеното возило.

Потоа, пријавениот извршил промена на огласот за продажба на наведеното возило, при што навел дека возилото е произведено во 2007 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk