Кумановец ќе одговара за насилство

27.10.2016 11:27 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.А.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Кумановец ќе одговара за насилство

 Пријавениот на 02.08.2016 година околу 19.00 часот во дворот на куќата на С.А., поради нарушени односи, физички го напданал Ф.А. (46) удирајќи го со тупаници во пределот на главата, а со нож во пределот на грбот му нанел телесна повреда во вид на расекотина. Повредениот бил пренесен на хируршкото одделение во Општа Болница-Куманово каде му е пружена лекарска помош.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk