Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И.Ј. од Куманово е добитник на 6 милиони денари, премијата на Државна лотарија на Македонија, за седум погодоци.
Добитникот е пензионер, кој веќе долги години играл лото на истите 8 броеви. Секоја среда и сабота го уплатува своето ливче во за него среќното место КЕОПС, кое се наоѓа спроти Фондот за здравство во Куманово. Овие броеви се покажале како среќни и изминатата година кога бил добитник на шестка во НовоЛото. Системот од осум броеви и во ова 84 коло во 2016 година му носи седумка , но и дополнителни 7 „шестки„. Паричните средства кои ги освои се уште не знае како ќе ги искористи, бидејќи и не се надевал дека ќе освои толкава сума на пари , па токму затоа истите броеви ги претплатил за две кола, т.е. за 84 и 85 коло.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk