Кумановец доби 5 години затвор за малолетничка проституција

29.03.2011 09:37 | KumanovoNews

 Дејан Ѓорѓевиќ од Куманово е осуден на 5 години затвор во Основниот суд во Штип кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години.

Кумановец доби 5 години затвор за малолетничка проституција

Останатите обвинети во случајот Емилчо Тодев од Штип доби казна затвор од 5, 5 години,  а обвинетиот Ангеле Марковски од Охрид казна затвор во траење од 4 години.

Претходно судот на уште седуммина обвинети, им одреди казна затвор во вкупно траење од 50 години за подведување и сексуално искористување на осмоодделенки. Во случајот се обвинети и тројца бизнисмени од Куманово.

За истото дело штипски бизнисмен е осуден на десет години затвор, а највисока казна од 15 години доби кочанчанецот Перо Трајковски кој е во бегство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk