Кумановец добил 1000 евра бакшиш од Ѓоковиќ

24.07.2013 08:51 | KumanovoNews

 Готвач од Куманово, кој работи во ексклузивниот ресторан  “Асторија” во Будва, добил 1000 евра бакшиш од тенисерот Новак Ѓоковиќ, бидејќи подготвил многу вкусна храна.

Кумановец добил 1000 евра бакшиш од Ѓоковиќ

Како што пренесуваат медиумите, при престојот во Будва Ѓоковиќ заминал на вечера во познатиот ресторан. Бидејќи вечерата многу му се допаднала прашал кој ја подготвил. Откако му кажале дека се работи за македонски готвачи, тој решил да ги награди и наместо 7.000 евра колку изнесувал сметката, оставил 1.000 евра плус, бакшиш за готвачите кои му го погодиле вкусот.

 Во „Асторија“ главни готвачи се кумановец и кочанчанец, а таму работеле уште пет Македонци.

Ѓоковиќ при тоа изразил желба да ја посети Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk