Кумановец добил 16.700 евра на спортска

08.08.2019 18:53 | KumanovoNews

Кумановец добил 1.020.00 денари или 16.740 евра на спортска прогноза. И.С. (21) добивката ја остварил на две ливчиња, во кои вложил 150 денари.

Кумановец добил 16.700 евра на спортска

Едното ливче од 100 денари му донело 170.000 денари, а второто од 50 денари 850.000 денари.

Тој за Кумановоњус, вели дека не е пасиониран играч на спортска прогноза. Уплаќа по 3-4 ливчиња месечно, колку за забава. Кога ги уплатил двата тикети на големи квоти во вторникот, воопшто не се надевал на добивка. Дури и ливчињата сакал да ги фрли, но во последен момент се одлучил да провери. Кога ги видел резултатите останал во шок.

Не ми се веруваше. Кога се прибрав од изненадувањето утврдив колкава сума сум добил. Пресреќен сум, - ни изјави Иван.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk