Кумановец добитник на признание за волонтерство

07.12.2016 11:00 | KumanovoNews

Владимир Цветковски, волонтер на општинската организација на Црвен крст Куманово доби благодарница за волонтерски достигнувања и посебни заслуги во остварувањето на целите и задачите на Црвениот крст на Република Македонија. Цветковски е ден од седуммината наградени на ниво на државата.

Кумановец добитник на признание за волонтерство

„Волонтирањето е нешто што ме исполнува. Среќата и насмевките кои ги добиваме како возвратен подарок од луѓето се главна мотивација да продолжам и понатаму. Дружењето со хуманите луѓе и истомисленици кои меѓусебно се помагаме во извршување на обврските се моја додатна мотивација, - вели Цветковски.

Покрај Цветковски, благодарници за волонтерски достигнувања и посебни заслуги во остварувањето на целите и задачите на Црвениот крст на Република Македонија доби: Roger Doan Van Hay, Александра Василевска, Един Халим, Кире Доновски, Марјанчо Ангелковски и Фаик Алили.

Црвениот крст на Република Македонија го одбележа 5¬ти декември, Светскиот ден на волонтерство, кој го прославуваат над 17 милиони волонтери од целиот свет во рамките на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Свечениот настан се одржа во просториите на Музеј на град Скопје. Волонтирањето претставува исклучително значаен сегмент на заедниците насекаде во светот. Придонесот на волонтерите го подобрува животот на ранливото население со кое работат и го подобрува животот на волонтерите и нивните заедници.

Црвениот крст на Република Македонија во своите редови има 3400 активни волонтери и над 7800 регистрирани членови со што официјално е најголемата хуманитарна организација во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk