Кумановец фалсификувал диплома за завршена четврта година во средно училиште

23.11.2020 15:41 | KumanovoNews

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.С.(51) од Куманово, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Кумановец фалсификувал диплома за завршена четврта година во средно училиште

Р.С. во текот на 2016, откако претходно имал завршено III степен на образование во СОУ „Киро Бурназ“ Куманово, за што поседувал диплома, со која бил и вработен во приватна фирма од Куманово од 2006 година. Со цел да се здобие со четврт степен на образование, а и поради потребата при вработувањето да има најмалку IV-ти степен ниво на класификација, набавил фалсификувана исправа со невистинита содржина „диплома“, за положен завршен испит и свидетелство за завршена IV-та година, со невистинита содржина, од средно училиште од Скопје.

Притоа, фалсификуваната диплома ја приложил како вистинита во два наврата, и тоа во 2017 во Агенција за вработување и во 2020 во приватна фирма од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk