Кумановец фалсификувал договор за купување камион

30.04.2019 08:45 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

Кумановец фалсификувал договор за купување камион

На почетокот на 2015 година во Љубљана, Р.Словенија, пријавениот од лице од Словенија купил товарно моторно возило марка „FIAT DUCATO“, по што за истото изготвил фалсификуван купопродажен договор со датум од 13.06.2014 година, а потоа на 16.04.2015 година фалсификуваниот договор го употребил во правниот сообраќај пред Царинската управа во Куманово.

Исто така, пријавениот дополнително фалсификувал и купопродажен договор со датум од 13.06.2013 година, кој на 20.05.2015 година го приложил во правниот сообраќај пред Министерството за економија - Биро за метрологија Скопје, врз основа на што му била издадена документација за возилото, која подоцна, заедно со купопродажен договор склучен помеѓу пријавениот и правно лице биле приложени во прилог на барањето за регистрација, по што возилото било регистрирано на име на горенаведеното правно лице.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk