Кумановец фалсификувал професорска диплома

09.06.2014 09:26 | KumanovoNews

Ш.П.(51) од Куманово работел како професор по физичко воспитување во техничкото училиште „Наце Буџони“ со фалсификувана диплома.

Кумановец фалсификувал професорска диплома

Пријавениот во 2009 година приложил лажна диплома за завршено високо образование од Националната спортска академија во Софија-Република Бугарија во ОСТУ „Наце Буџони“ во Куманово, врз основа на која склучил договор за вработување со што се вработил на неопределно време како наставник по спорт и спортски активности.

Ш.П. ќе одговара за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk