Кумановец фатен на дело додека крадел, полицијата го привела

09.01.2025 12:32 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.40 часот привеле кумановец додека се обидувал да одземе предмети од приватен имот. 

Кумановец фатен на дело додека крадел, полицијата го привела

„С.Б. (28) од Куманово бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk