Кумановец фатен со 42 паковки марихуана

22.03.2017 13:57 | KumanovoNews

На граничниот премин „Долно Блаце“, вчера во 10.30 часот при контрола на камион со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, а управувано од Д.И. (65) од Куманово, биле пронајдени 42 пакувања непозната растителна материја, најверојатно марихуана.

Кумановец фатен со 42 паковки марихуана

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето е лишено од слобода, а поради влошена здравствена состојба во присуство на полициски службеници било пренесено во ГОБ „8-ми Септември“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk