Кумановeц фатен со дрога и петарди

04.02.2014 11:54 | KumanovoNews

Д.Д.(32) од Куманово дома чувал дрога и петарди.

Кумановeц фатен со дрога и петарди

Пред неколку дена полицијата извршила претрес во неговата куќа при што пронашла осум грама наркотична дрога марихуана, 0,25 грама наркотична дрога хероин, две таблети екстази и 11 парчиња петарди.

Д.Д. ќе одговара за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

Истражен судија му одредил притвор во траење од 30 дена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk