Кумановец и скопјани повредени во сообраќајка во Свети Николе

23.02.2019 10:16 | KumanovoNews

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа во близина на Свети Николе. 

Кумановец и скопјани повредени во сообраќајка во Свети Николе

Сообраќајката се случила ноќеска 50 минути по полноќ на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и клучката од автопатот во изградба Штип-Миладиновци, кога патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(26) од Скопје, излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река.

Притоа, со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П.Ј.(25) од Скопје, А.М.(21) од Куманово и Х.И.(20) од Скопје.

Со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk