Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Роднини на пациентка физички нападнале дежурна екипа во Ургентниот центар Куманово.
Инцидентот се случил на 5 април годинава, во 04.50 часот, кога Ф.Л.(49) и М.Л.(20), двајцата од Куманово, грубо го навредувале и малтретирале дежурниот лекар, барајќи лекарски преглед на пациентка, која одбивала да прими инекција за болки пред да биде прегледана.
Пријавените започнале вербална расправија со дежурниот лекар, во присуство на уште две медицински сестри, по што Ф.Л. со тупаница ја удрил по главата во предел на слепоочница нанесувајќи и телесна повреда и ја навредувал со разни вулгарни зборови, упатувајќи и закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство. Во исто време М.Л. го превртел бирото пред кое седела докторката, при што се скршило и стаклото од бирото.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Л.(49) и М.Л.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk