Кумановец исчезнал од дома

20.12.2016 09:42 | KumanovoNews

 Драган Цветковски (59) од Куманово вчера исчезнал, откако во 13 часот излегол од дома во близина на трговскиот центар во населбата “Гоце Делчев“.

Кумановец исчезнал од дома

Последен пат бил виден во 13.30 часот кај ресторанот „Бела Дона„ и оттогаш му се губи секаков траг. Случајот е пријавен во Кумановската полиција.

Семејството вели дека Драган има здравствени проблеми и не се оддалечувал од дома.  Повремено шетал до Кисела вода, но редовно се враќал бидејќи го знаел патот. Тие се сомневаат дека најверојатно заталкал во центарот на градот и поради болеста не знае да се врати. Затоа ги молат граѓаните доколку го забележат, да пријават во полиција или на телефонскиот број 071/559-608.  Висок е  180 сантиметри со црна коса. Облечен е во сива јакна, темно кафени пантолони со сива капа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk