Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесет и пет годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од две лица за сума од 1.110.000 денари, во обид да купи градежни машини.
Според пријавеното, лицата го контактирале на мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини, за кои пријавителот бил заинтересиран да ги купи.
"Откако се договориле, тој по насоки од едното лице ги предал парите на другото лице на каса прими на приватен субјект, а откако го контактирал лицето за да ги подигне машините тој му рекол дека работи сам и дека парите требало да ги уплати на негова сметка. Исто така, според пријавеното, истите машини ги видел пуштени на оглас за продажба, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
(фото. архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk