Кумановец измамен за 200.000 денари, му ветиле биткоини од 14.500 долари

15.11.2024 15:03 | KumanovoNews

Кумановец останал без 200.000 денари, откако се помамил дека ќе добие биткоини за 14.500 долари. Откако видел дека останал без пари, 45 - годишен маж  вчера  случајот го пријавил во СВР Куманово.

Кумановец измамен за 200.000 денари, му ветиле биткоини од 14.500 долари

„Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk