Кумановец измамен за 300 евра, на интернет му ветила работа во странство па изчезнала

27.06.2023 15:38 | Сузана Николиќ

Кумановец пријавил во полицијата дека останал без 300 евра, кои ги уплатил за да добие работа во странство, по оглас објевен на социјалните мрежи. Жената која требало да го вработи ги зела парите и ја снемало.

Кумановец измамен за 300 евра, на интернет му ветила работа во странство па изчезнала

„41-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.085 денари. Според пријавеното, откако на социјална мрежа забележал оглас со кој се бараат работници за работа во странство, пријавителот преку социјална мрежа остварил контакт со женско лице, кое побарало од него во неколку наврати да уплати пари на трансакциска сметка во вкупен износ од 18.085 денари. Како што е наведено во пријавата, по последниот остварен контакт на 23.06.2023, пријавителот во повеќе наврати се обидел да ја контактира, но таа не одговарала на неговите пораки, по што сфатил дека е измамен“, соопшти СВР Куманово. 

Се работи на расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk