Кумановец измамен за атест на возилото

24.02.2016 13:33 | KumanovoNews

 А.О.(50) од Скопје заработи кривична пријава затоа што измамил кумановец, издавајчи му лажна потврда за атест на возилото.

Кумановец измамен за атест на возилото

 Во текот на септември минатата година, пријавениот се сретнал со Д.Ц. од Куманово кого го излажал ека е надворешен соработник на Машински факултет во Скопје и дека работи на терен на прибирање податоци од возила за вршење атест, односно тој ги прибирал податоците и им ги доставувал потврдите откако ќе била завршена целата работа. По ова, пријавениот го фотографирал товарното возило на оштетениот марка „Ивеко“ и ги запишал податоците од сообраќајната дозвола по што изготвил фалсификувана потврда за наводно извршен атест на товарно возило. По четири дена во плико заверено со печат и штембил од Машински факултет-Скопје му ја доставил на оштетениот, кој му платил 18.000 денари, по што фалсификуваната потврда заедно со другата документација ја поднел во СВР Куманово.

Измамникот ќе одговара за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk