Кумановец ја истепал сопругата

17.01.2020 14:23 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против кумановец, затоа што физички ја нападнал сопругата.

Кумановец ја истепал сопругата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.И.(30) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 08.01.2020 околу 18.00 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, во семејната куќа, В.И. физички ја нападнал неговата сопруга.

Во полицискиот билтен денеска е регистрирано уште едно насилство.

Се работи за З.Б. (38) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 04.01.2020 околу 17.30 часот на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, во семејната куќа, по претходна расправија, физички ја нападнал Д.Д (50).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk