Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец бил киднапиран и однесен во шума каде што три лица физички се преметале со него.
Настанот се случил вчера околу 12.30 во близина на Ургентниот центар, кога М.Б.(27) бил пресретнат од пријавените, кои насилно го внеле во такси возило и го однеле во с.Проевце. Во блиската шума, физички го нападнале, по што побегнале. М.Б. настанот го пријавил телефонски во полиција, а потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово, каде што му била укажана медицинска помош. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на настанот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk