Кумановец крадел во Скопје

15.12.2014 10:23 | KumanovoNews

Кумановец и скопјанец „оперирале„ по куќи во скопската населба Чаир.

Кумановец крадел во Скопје

М.К.(19) од Куманово и А.Ј.(18) од Скопје ограбиле пет куќи во попладневните и вечерните часови кога сопствениците не биле дома. На сила ги отварале прозорците, влезните и балконски врати, по што влегувале во собите и краделе компјутери, златен и сребрен накит, бижутерија, часовници, пари, гарнитура со алати и еден сигнален пиштол “екол“ . При тоа незаконски заработиле 376.200 денари. Украдените предмети ги чувале во станот на А.Ј. во Скопје, а дел ги продале во Старата скопска чаршија. Парите ги искористиле за купување дрога, алкохол, облека и такси услуги.

На почетокот на декември извршен е претрес на станот каде престојувал А.Ј. и се најдени украдените предмети. По неколку дена тој бил приведен и раскажал каде се извршени кражбите и каде се продадени одземените предмети. Во Полициска станица Чаир граѓаните си ги препознале и добиле назад украдените предмети.

Кумановецот М.К. е недостапен за полицијата.  Во период од 2010 до 2014 година скопската полиција му поднела 15 кривични пријави за извршени тешки кражби.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk