Кумановец криел оружје покрај патот за Арачиново, одреден му е притвор

31.12.2024 09:32 | KumanovoNews

Триесетдневен притвор му е одреден на кумановец кој криел оружје на територијата на Арачиново.

Кумановец криел оружје покрај патот за Арачиново, одреден му е притвор

Oружјето, девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголема количина на муниција, беше пронајдена од полицијата на 18. декември на територија на општина Арачиново, покрај локален пат од с.Орланци кон с.Никуштак.

„По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. (29) од Куманово“, соопшти МВР. 

На 29. декември Х.С. е приведен на граничниот премин Долно Блаце, а од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесена е кривична пријава. По итна постапка вчера од судија на претходна постапка му е изречена мерка 30-дневен притвор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk