Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Н.Д.(40) од Куманово вчера ги пријавил своите подстанари за кривично дело насилство одкако го нападнале бидејки немале електрична енергија во собата.
Имено, по претходна расправија со браќата И.Д.(50) и Х.Д.(44) од Куманово, кои живеат како подстанари кај пријавителот, истите изразиле револт бидејќи немале електрична енергија во собата каде што престојуваат, при што Х.Д. со нож на расклопување му нанел на Н.Д. убодна рана во пределот на градниот кош, а на неговата сопруга М.Р. расекотина на левата рака, по што двајцата избегале.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово, а повредените се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош. СВР Куманово презема мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на двете лица
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk