Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесет и тригодишен кумановец пријавил дека бил нападнат од едно лице во неговиот дом, при што му бил одземен мобилниот телефон.
Нападот се случил ноќеска во 1 часот по полноќ, во куќата на З.Џ.(53) во центарот на градот.
Кај него дошол Ф.Д., кој физички го нападнал и му го одземал мобилниот телефон.
СВР Куманово презема мерки за расистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk