Кумановец навредувал полицајци што вршеле увид

22.07.2015 11:01 | KumanovoNews

 Д.С.(31) навредувал полицајци, откако бил запрен со возилото додека претекнувал колона,  а службените лица вршеле увид во сообраќајна несреќа.

Кумановец навредувал полицајци што вршеле увид

Инцидентот се случил синоќа околу 23 часот, на крстосница од ул.„Македонска Ударна Бригада“ и ул.„Народна Револуција“ во Куманово. Нестрпливиот возач ја претекнувал колоната на возила, кога полицајците што го регулирале сообраќајот го запреле и побрале од него да се легитимира. Тогаш тој се изнервирал и започнал вербално да ги навредува и омаловажува.Д.С е приведен во Полициската станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk