Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на населбата „Перо Чичо“ завршил на скопските клиники со сериозни повреди по телото откако паднаал од кров.
Несреќата се случила вчера во 7.50 часот на ул.„Ѓорче Петров“, кога А.В.(44), додека бил на кровната конструкција од неговата семејна куќа, се лизнал и паднал на земја во дворот. При тоа се здобил со тешки телесни повреди.
Со возило на Итна помош бил пренесен во Општата болница Куманово, а по укажаната лекарска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk