Кумановец паднал од мотор и загинал на паркингот пред Градскиот базен

01.05.2019 10:32 | KumanovoNews

Четириест и шест годишен кумановец ноќеска загинал откако паднал од мотор.

Кумановец паднал од мотор и загинал на паркингот пред Градскиот базен

Несреќата се случила синоќа во 23,55 часот на паркингот од улицата “Пиринска Македонија“ пред градскиот базен, кога Р.Г.(46) од Куманово управувајќи мопед „Лингбен“ со кумановски регистерски таблици, изгубил контрола и удрил во рабник од острово со зелена површина, по што паднал на коловозот. Р.Г. починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk