Кумановец паднал од скала и починал

02.07.2020 09:15 | KumanovoNews

Повозрасен кумановец вчера паднал од скала додека се поткачувал да изврши градежни работи. Несреќата се случила во 12.30 часот на ул.„Мирче Ацев“, во Куманово.

Кумановец паднал од скала и починал

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што било констатирано дека околу 12.15 часот, А.Г. (74) се качил на дрвена скала, висока околу два метра, потпрена на бетонска бандера за да работи на објект. Скалата се излизгала, а тој паднал пред влезот од гаражата и починал.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk