Кумановец побегнал од затвор и ограбил златарница

06.06.2016 08:43 | KumanovoNews

Кумановец побегнал од затвор во Крива Паланка и од златарница украл 16 ланчиња. 

Кумановец побегнал од затвор и ограбил златарница

Кражбата се случила во средината на декември минатат година, кога И.С. (31) од Куманово побегнал од затворот во отвореното одделение во Крива Паланка и ја ограбил златарницата „Рубин“ во ГТЦ во Скопје. Тој со пиштол им се заканил на вработените, а потоа го скршил стаклото од изложната витрината каде бил изложен златниот накит, ги одзел ланчињата и побегнал.

Златниот накит го продал за 860 евра на лице од Тетово, а гасниот пиштол го фрлил во реката Вардар во Скопје, додека дел од гардеробата која ја носел при извршувањето на кривичното дело и патиките ги фрлил во контејнер.

 Подоцна И.С. го признал кривичното дело, а го препознале и вработените во златарницата.

Инаку И.С. е познат на полицијата и досега му биле поднесени 43 кривични пријави за сторени кривични дела “кражба“, “тешка кражба“, “одземање на моторно возило“ и “тешка телесна повреда„“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk